Со најновите измени и дополнувања на Законот за работните односи се
внесуваат одредени промени:
- Во член 104 од законот, зборот „друг” се брише.
- По овој член се додава нов член 104-а, кој се однесува на продолжување на работниот однос на избрани и именувани лица.
Според новиот член 104-а:
- Лицата кои вршат функција врз основа на избор или именување од надлежен орган, во согласност со законот, можат да побараат продолжување на функцијата и по исполнување на условите за старосна пензија, но најмногу до 67 години. За ова, треба да поднесат писмена изјава до органот што ги избрал или именувал.
- Оваа изјава се поднесува еднаш годишно, најдоцна до 31 август, за продолжување на фунцијата во следната година.
Дополнително, на лицата кои во 2025 година ќе наполнат 64 години и ќе исполнат услови за пензија, им се дава можност да поднесат писмена изјава за продолжување на функцијата во рок од 30 дена од влегувањето во сила на законот.
Законот стапува на сила со неговото објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија”.