Со најновите измени на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, коишто се објавени во Службен весник бр. 03/2025 година, конечно граѓаните ќе можат да извадат односно да симнат и испечатат документи од електронска форма и притоа истите ќе важат како оригинали односно како да ги извадиле документите од надлежна институција на шалтер.
Со воведување на овие измени, секој јавен огран или правно лице до кое се доставува електронски документ во печатена форма, може да направи проверка на неговата валидност преку скенирање на кодор на долниот десен агол на печатената форма на електронскиот документ – QR-код, кој код ја соджи локацијата каде што може да се добие оригиналот на електронскиот документ. QR-кодот всушност го претставува оригиналниот печат на институцијата која го издава документот.
Целата оваа постапка за дигитализирање е пропишана во Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, а во рок од 90 дена од стапување на сила на овие законски измени, ќе мора да се донесат и подзаконските акти.
Со измените на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги коишто се објавени во Службен весник бр. 03/2025 година се предвидени и високи парични глоби за непочитување на законот, а коишто глоби изнесуваат од 5.000,00 до 15.000,00 евра.
Примената на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги ќе ја следи инспекторатот во рамките на Министерстово за дигитална трансформација и истиот ќе биде надлежен да постапува по пријава на граѓани ако нивните испечатени електроснки документи некоја институција не им ги прифати, како и истиот ќе има надлежност да ги изрекува глобите доколку утврди прекршување на законот.