Значењето на географските одредници – случајот на Дубаи Чоколадото

Географска ознака (ГИ) е знак што се користи на производи кои имаат специфично географско потекло и поседуваат квалитети или репутација што се должат на тоа потекло. За да функционира како ГИ, знакот мора да идентификува производ како потекнува од дадено место.

Покрај тоа, квалитетите, карактеристиките или угледот на производот треба во суштина да се должат на местото на потекло. Бидејќи квалитетите зависат од географското место на производство, постои јасна врска помеѓу производот и неговото првобитно место на производство.

Во оваа насока пред судовите во СР Германија, компанијата Андреас Вилмерс, која во СР Германија го продава „Дубаи Чоколадото“ направено од брендот „Фикс“, кое е всушност произведено во Дубаи има поведено спорови против АЛДИ, ЛИДЛ и ЛИНДТ за погрешна употреба на одредницата „Дубаи“.

Според аргументацијата на ЛИДЛ, терминот „Дубаи чоколадо“ само се однесува на еден вид чоколада со кремасти ф’стаци и полнење „кадаиф“, а не на чоколадо што конкретно доаѓа од Дубаи. Здружението на германската кондиторска индустрија е на истиот став дека „чоколадата од Дубаи“ може да се произведува насекаде во светот, а според АЛДИ на задната страна на пакувањето, на етикетата е јасно назначено дека производот е произведен во Турција и не може да постои опасност од доведување во заблуда на потрошувачит.

Сепак, според судот во Келн во првата пресуда за „Дубаи Чоколадото“ против синџирот на супермаркети АЛДИ одлучено е дека АЛДИ треба да престане истото да го продава од причина што производот всушност се произведува во Турција, но според судот името на производот „Alyan Dubai Handmade Chocolate” ги наведува потрошувачите да мислат дека истиот е произведен во Дубаи и увезен во СР Германија.

АЛДИ има право на жалба на оваа пресуда и се очекува крајниот исход на постапката.

Leave a Reply