Нов документ за практика на Државниот Завод за Индустриска сопственост “СР9“ 

На 01.10.2024 година Државниот завод за индустриска сопственост во соработка со Европскиот завод за интелектуална сопственост (ЕУИПО) го донесе и објави документот за практиката “СР9“ .

Целта на овој документ за практиката е утврдување на минималниот праг на дистинктивност на трговските марки сочинети од определена форма кога формата сама по себе не е дистинктивна. Неговата намена е да послужи како водич за заводите за интелектуална сопственост, здруженијата на корисници, подносителите на пријави, носителите на права, застапниците и другите заинтересирани лица.

Документот за практиката “СР9“ Државниот завод за индустриска сопственост започна да го применува од 01.11.2024 година.

Согласно оваа практика, за да се утврди дали е исполнет прагот на дистинктивноста на тродимензионалните трговски марки, се земаат предвид бројни елементи и фактори што влијаат врз дистинктивноста на знакот како целина.

Во контекст на напреднаведената практика, утврдувањето на дистинктивниот карактер на трговските марки составени од форма треба да се одвива во следниве чекори.

Првиот чекор го опфаќа утврдувањето на елементите на знакот и оцена на нивната дистинктивност. Заводот ќе ги утврди сите елементи што ги опфаќа трговската марка составена од форма и нивната дистинктивност.

Елементи кои особено се земаат предвид се вербалните и фигуративните елементи, боите (една боја и комбинации на бои) како и  комбинација на сите овие елементи.

При оцената на дистинктивноста предмет на разгледување се следните фактори:

• големина/пропорција на елементите во однос на формата;

• контраст на елементот во однос на формата и

• положба на елементот на формата.

Кога формата опфаќа боја и комбинации на бои, нивната идентификација и оцената на дистинктивноста треба да вклучат разгледување на определен распоред на бои на конкретната форма.

Вториот чекор е оцена на дистинктивноста на знакот како целина Оцената на дистинктивноста мора да се заснова на севкупниот впечаток на комбинацијата на формата и елементите што таа ги опфаќа, во однос на предметните стоки и перцепцијата на потрошувачот врз која може да влијаат специфичните состојби на пазарот. Донесувањето на овој документ, од страна на Државниот завод за индустриска сопственост е од големо значење, со оглед дека во него се содржани принципите на кои Заводот ќе ја заснова својата практика проследени со бројни примери од пракса со цел да бидат опфатени најголем број случаи. Иако дистинктивноста на тродимензионалните марки ќе се проценува од случај до случај, сепак принципите на практиката преставуваат појдовна основа и имаат за цел обезбедување на предвидливa одлука во слични предмети.