Европската комисија ја усвои новата Регулатива за вертикални изземања придружена со новите Упатства, по темелна реевалуација на правилата од 2010 година. Регулативата и Упатствата стапија сила на 1 јуни 2022 година.
Регулативата ги иззема од забраната во член 101(1) од Договорот за функционирање на Европската унија („ТФЕУ“) договорите меѓу компании кои се активни на различни нивоа на синџирот на производство или дистрибуција, под одредени услови.
Главните промени во однос на претходните правила се фокусираат на прилагодување на изземањето за да се обезбеди соодветен баланс и тоа:
• Намалување на изземањето во однос на: (i) двојна дистрибуција, односно кога добавувачот ги продава своите стоки или услуги преку независни дистрибутери, но исто така директно на крајните клиенти, и (ii) обврски за паритет, односно обврска на продавачот да ги понуди истите или подобри услови на својата друга страна како оние што се нудат на продажните канали од трета страна, како што се другите платформи и/или на каналите за директна продажба на продавачот, како што е неговата веб-локација. Ова значи дека одредени аспекти на двојна дистрибуција и одредени видови на обврски за паритет повеќе нема да бидат изземени според, туку мора да се оценуваат поединечно според член 101 ТФЕУ.
• Зголемување на причините за изземање во однос на: (i) одредени ограничувања на способноста на купувачот активно да им пристапи на поединечните клиенти, т.е. активна продажба, и (ii) одредени практики поврзани со онлајн продажбата, имено способноста на истиот дистрибутер да му наплати различно големопродажните цени за производите што ќе се продаваат онлајн и офлајн и можност за наметнување различни критериуми за онлајн и офлајн продажба во селективни системи за дистрибуција. Овие ограничувања според новите правила се изземени, под услов да се исполнети сите други услови за изземање кои веќе постојат.
Ревидираните правила исто така се разјаснети и поедноставени, за да бидат подостапни за оние кои ги користат во нивната секојдневна работа. Регулативата се очекува да се имплементира во законодавството на Република Северна Македонија од септември 2022 година.