Во периодот од 30 Април – 04 Мај, д-р Валентин Пепељугоски, адвокат-партнер во Адвокатско друштво Пепељугоски, учествуваше на годишниот состанок 2022 Annual Meeting Live +, во Вашингтон, во организација на Глобалната асоцијација на сопственици на брендови и професионалци, трговска марка и интелектуална сопственост – INTA.
На отворањето сите присутни но и оние кои виртуелно го следеа 2022 Annual Meeting Live + ги поздрави Дарен Танг, претседател на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO).
Настанот годинава собра над 5000 регистрирани учесници од 120 земји кои ги следеа обраќањата на повеќе од 150 говорници, експерти и професионалци во доменот на заштита на интелектуалната сопственост. Меѓу говорниците имаше претставници на академската заедница, на брендовите, владини претставници, на правни фирми, непрофитните организации и давателите на услуги како: Американската асоцијација на банкари, Марс, Mastercard, Меркадо Либре, Мајкрософт, НБА , НФЛ, Нетфликс, Старбакс,Херши итн.
„Ова беше одлична можност за споделување на знаење и пракси во доменот на интелектуалната сопственост. Средбите со реномирани колеги, во дигиталното време кога оваа област е во фокусот на интерес на компаниите носители на најпознатите трговски марки во светот, значат размена на вредни искуства чија имплементација во секојдневната работа е во насока на обезбедување врвна услуга за нашите клиенти.“ – рече д-р Пепељугоски по завршувањето на годишната средба.
Едукативната програма беше фокусира на седум тематски сегменти: Градење на подобро општество преку брендови; Дополнителни права, регулаторни прашања и ограничувања на брендот; Спроведување и борба против фалсификување; Иновации и иднината на ИС; Професионален развој; Регионални ажурирања; и Бизнис на брендови. Освен панели и обраќања присутните имаа можност да работат и во рамки на мали групи на конкретни теми и работилници за професионалци со специјализација и бекграунд од поодделни области.