Поле на дејствување
Адвокатското друштво Пепељугоски обезбедува правна, административна, прекршочна и граѓанска заштита пред судовите и административните органи во Република Северна Македонија и соработува со познати адвокатски канцеларии од Европа и светот.
Уште од самото основање станавме препознатливи по прифаќање на предизвикот да работиме и дејствуваме во новите области на правото. За кратко време нашиот делокруг на работење се прошири речиси во сите области на правото, a нашиот тим постојано се стреми кон достигнување на повисоки цели.
Создаваме мрежа на колеги и соработници кои работат заедно со една цел да ги разрешат предизвиците на клиентите на најбрз и најповолен начин.
Комуникацијата со клиентите се одвива на трите најпознати светски јазици: англиски, германски и француски, како и на сите говорни јазици во регионот.