Конкуренција и антимонополско право
На територијата на Република Северна Македонија сме едно од водечките адвокатски друштва односно адвокатски канцеларии која се занимава со проблемите на заштита од нелојална конкуренција и антимонополско право.
Како експерти во оваа област постапуваме пред Комисијата за заштита на Конкуренција на РСМ во случаи на утврдување, спречување и ограничување на конкуренцијата, случаи на утврдување на концентрација и државна помош, а постапуваме и во случаи на заштита од дејствија на нелојална конкуренција пред судовите. Имаме искуство во изработка и следење на деловна политика на субјектите, даваме совети при изработка на рекламни кампањи и спотови, се со цел нашите клиенти да не постапуваат спротивно и да не ги кршат строгите законски одредби во оваа сфера.
На нашите клиенти им нудиме и правна помош во толкувањето на постоечката легислатива во оваа област.