Адвокат/Соработник

Д-р Роза Гурмешевиќ

  • Докторира на Правниот факултет при Универзитетот во Белград во 2016 година, насока меѓународно право, под менторство на проф. д-р Миленко Креќа и се стекнува со научен степен доктор на правни науки.
  • Магистрира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2010 година, насока меѓународно право, под менторство на проф. д-р Љубомир Фрчкоски и се стекнува со академски назив магистер на правни науки, насока меѓународно право.
  • Положи правосуден испит во 2023 година. Од 2023 година работи како вработен адвокат, а од 01.06.2025 година станува дел од тимот на Адвокатското друштво Пепељугоски како вработен адвокат.
  • Во периодот од 2012-2022 година се има стекнато со богато искуство во сферата на дипломатијата и човековите права.
  • Има учествувано на голем број на меѓународни научни конференции во државата и во странство и автор е на повеќе научни трудови.
  • Зборува англиски и српски јазик.