Адвокатското друштво Пепељугоски, обезбедува правни услуги во сите сфери на трудовото право и работните односи. Нашите услуги се состојат од изготвување на договори за вработување, договори за дело, договори за практикантство, менаџерски договори и други видови договори врзани со вработување, како и услуги врзани со пријавување и одјавување на работници во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, советување на теренот на работните односи во поглед на правата на работниците и работодавачите, спроведување и водење на дисциплински постапки, подготовка на правилници за работни односи, кодекси на однесување, етички кодекси, безбедност и заштита при работа и др.