Услуги

Адвокатското друштво Пепељугоски е член на Адвокатската Комора на Република Македонија, Македонската бизнис асоцијација на адвокати, Македонската асоцијација за интелектуална сопственост, Регистриран застапник за индустриска сопственост (бр. 77), Македонско Германско Здружение (DMVW), член на Холандската Стопанска Комора во Република Северна Македонија, член на Американската Стопанска Комора (AmCham) во Република Северна Македонија, Асоцијативен член на Американската асоцијација на адвокати, асоцијативен член на Меѓународната Организација за интелектуална сопственост – INTA, и Европски патентен застапник.

Адвокатското друштво Пепељугоски обезбедува правна, административна, прекршочна и граѓанска заштита пред судовите и административните органи во Македонија, и соработува со познати адвокатски канцеларии од Европа и светот.

За потполност на правните услуги што ги нуди, Адвокатското друштво Пепељугоски има постојана соработка со нотари, извршители, проценители, приватни геодетски друштва, како и судски преведувачи од сите светски јазици. Комуникацијата со клиентите се одвива на трите најпознати светски јазици: англиски, германски и француски, како и на сите говорни јазици во регионот.

Поради нашето познавање на бизнис климата во регионот ги советуваме клиентите на најдобар можен начин како од правен така и од деловен аспект. За квалитетот на нашите услуги зборува и фактот дека во нашето адвокатско друштво работат 2 доктор на правни науки, 5 магистри на науки кои имаат значајно работно искуство. Заради тоа многу наши клиенти не препорачуваат на своите бизнис партнери.

На ваков начин создадовме мрежа на колеги и соработници кои работат заедно со една цел да ги разрешат евентуалните проблеми на најбрз и најповолен начин за клиентот.