Адвокат/ Соработник
М-р Магдалена Недановска
Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2018 година.
Се запишува на мастер студиите по граѓанско материјално право и граѓанско процесно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои ги завршува во 2020 година и се здобива со титулата Магистер по правни науки од областа на граѓанското материјално право и граѓанското процесно право
Правосудниот испит го положи во 2021 година.
Од 2019 година е дел од тимот на Адвокатското друштво Пепељугоски, прво како адвокатски приправник, а од 2022 година како Адвокат.
Зборува одлично англиски и германски јазик.