Адвокат/Соработник
Д-р Роза Гурмешевиќ
- Докторира на Правниот факултет при Универзитетот во Белград во 2016 година, насока меѓународно право, под менторство на проф. д-р Миленко Креќа и се стекнува со научен степен доктор на правни науки.
- Магистрира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2010 година, насока меѓународно право, под менторство на проф. д-р Љубомир Фрчкоски и се стекнува со академски назив магистер на правни науки, насока меѓународно право.
- Положи правосуден испит во 2023 година. Од 2023 година работи како вработен адвокат, а од 01.06.2025 година станува дел од тимот на Адвокатското друштво Пепељугоски како вработен адвокат.
- Во периодот од 2012-2022 година се има стекнато со богато искуство во сферата на дипломатијата и човековите права.
- Има учествувано на голем број на меѓународни научни конференции во државата и во странство и автор е на повеќе научни трудови.
- Зборува англиски и српски јазик.
