MK | EN | ALB
 
ЗА НАС

Формирана во 1999 година од Д-р Валентин Пепељугоски, адвокатската канцеларија за кратко време стана една од најпознатите во Република Македонија и во регионот. Од Јануари 2013, Адвокатската Канцеларија Пепељугоски се трансформираше во Адвокатско Друштво, при што како партнер е именуван и Александар Трајковски.

Во моментот функционира како мултидисциплинарна канцеларија која ги покрива сите области на граѓанското и кривичното право. Адвокатското Друштво Пепељугоски е специјализирано за работење во областа на правото на интелектуална сопственост (авторско право и право на индустриска сопственост), нелојална конкуренција, телекомуникации и медиуми. Неизоставен дел од полето на работа се сите гранки на деловното право како: трговско право, корпоративно управување, договорно право, финансово право, царинско и даночно право, право за заштита на потрошувачите, банкарско право, итн. Во поново време како едни од нашите најценети клиенти се јавуваат познти компании од енергетскиот сектор во Република Македонија со што отворивме ново поле за работа на нашиот тим.

Нашата работа се базира на искуството и стручноста на тимот составен од 13 адвокати, 1 соработник и 2 адвокатски приправници. Како една од најзначајните карактеристики на нашиот тим е квалитетот и ефикасноста во извршувањето на работата за што сведочат многуборјнитe признанија од земјата и странство.

Како пионери на полето на заштитата на правата од интелектуална сопственост во Република Македонја, имавме и имаме чест да работиме со најпрестижните фирми од Републиката, регионот и пошироко во европски и светски рамки.

Посветеноста на нашиот тим и квалитетот на извршената работа ни овозможија да станеме лидери во областа на деловното и договорното право за што многупати сме биле повикани како експерти-консултанти за голем број јавни и приватни компании.
 
 
УСЛУГИ

Адвокатското друштво Пепељугоски е член на Адвокатската Комора на Република Македонија, Македонската бизнис асоцијација на адвокати, Македонската асоцијација за интелектуална сопственост, регистриран застапник за индустриска сопственост (бр. 77), Македонско Германско Здружение (DMVW), Асоцијативен член на Американската асоцијација на адвокати, асоцијативен член на Меѓународната Организација за интелектуална сопственост – INTA, и Европски патентен застапник.

Адвокатското друштво Пепељугоски обезбедува правна, административна, прекршочна и граѓанска заштита пред судовите и административните органи во Македонија, и соработува со познати адвокатски канцеларии од Европа и светот.

За потполност на правните услуги што ги нуди, Адвокатското друштво Пепељугоски има постојана соработка со нотари, извршители, проценители, приватни геодетски друштва, како и судски преведувачи од сите светски јазици. Комуникацијата со клиентите се одвива на трите најпознати светски јазици: англиски, германски и француски, како и на сите говорни јазици во регионот.

Поради нашето познавање на бизнис климата во регионот ги советуваме клиентите на најдобар можен начин како од правен така и од деловен аспект. За квалитетот на нашите услуги зборува и фактот дека во нашето адвокатско друштво работат 1 доктор на правни науки, 7 магистри на науки кои имаат значајно работно искуство. Заради тоа многу наши клиенти не препорачуваат на своите бизнис партнери.

На ваков начин создадовме мрежа на колеги и соработници кои работат заедно со една цел да ги разрешат евентуалните проблеми на најбрз и најповолен начин за клиентот.
 
Aдвокатско Друштво ПЕПЕЉУГОСКИ
Изработка 2012. Сите права се задржани.