MK | EN | ALB
 
Информатичка технологија

Со развојот на современата технологија, се почести се проблемите кои се јавуваат во сајбер просторот односно во виртуелниот свет. Проблемот на пиратерија на софтверските програми претставува глобален проблем кој е во рамките на нашето поле на дејствување. Работењето со најпознатите софтверски компании во светски рамки ни овозможи да се стекнеме со искуство од областа на правната проблематика во информатичката технологија и ни овозможи да станеме искусни во решавањето на проблеимте кои настануваат во оваа сфера.

Како дел од нашите услуги во оваа област се јавуваат изработка на правни мислења и толкувања на регулативата во Република Македонија и компаративно, заштита на авторските права поврзани со софтверот и софтверски програми, Интернет регулативата, спречување на злоупотребата и користењето на легалниот и производството на нелегален софтвер. Истовремено, обезбедуваме судска заштита во случај на настанување на злоупотреба или повреда на носителите на правта на софтвер или софтврерски програми, известување на надлежните институции и тела за постоењето на повреда на авторските права на нашите клиенти и заедничко постапување во насока на спречување на нелегалното произведување, продажба и користење на софтвер и софтверски програми. Исто така поднесуваме барања за регистрација на домени и обезбедуваме услуги поврзани со е-бизнис, електронска трговија, електронско банкарство, регулирање на статусот и работата на интернет провајдерите, ИП телевизија, дигитална телевизија, и останата дигитална технологија.
Финансиски сектор
Енергетски сектор
Интелектуална сопственост
Работни односи
Застапување пред судовите и административните органи
Информатичка технологија
Конкуренција и анти монополско право
Казнено право
Корпоративно управување
 
Aдвокатско Друштво ПЕПЕЉУГОСКИ
Изработка 2012. Сите права се задржани.