MK | EN | ALB
 
Интелектуална сопственост

Нашето друштво е лидер на полето на интелектуалната сопственост на територијата на Република Македонија. Во оваа област нудиме широк спектар на услуги вклучително и правни мислења и совети за прашања од индустриска сопственост и авторско право. Како регистриран застапник, нудиме можност за реализација на правата од интелектуална сопственост преку заштита на истите со поднесување на апликација пред Државниот завод за заштита на индустриска сопственост и другите надлежните институции, спроведување на истата, се до конечна регистрација на правата од индустриска сопственост.

Исто така, обезбедуваме услуги и во делот на царинската заштита на правата од интелектуална сопственост.

Нашиот тим е искусен во работата на ова поле поради фактот што со оваа проблематика се занимаваат адвокати обучени во конкретната област кои имаат и претходно работно искуство во областа на заштита на правата од интелектуална соптвеност.

Важно е да се напомене дека адвокатското друштво Пепељугоски е европски патенетен застапник, што говори за успешноста во ова поле на работа. Квалитетот на нашите услуги е добропознат во регионот и пошироко и придонесе за создвање на богата мрежа на парнтери во сите земји во регионот со кои соработуваме, разменуваме мислења и искуства на полето на интелектуална сопственост.

Како асоцијативен член на ИНТА, Европски патентен застапник имаме можност да се запознаеме со светските трендови во оваа област и истите да ги имплементираме на триторијата на Република Македонија, создавајќи пракса која ќе остане понатаму да се применува. Ние сме едни од ретките во Република Македонија кои имаат поднесено пријави на македонски правни и физички лица преку ДСП (Patent Cooperation Treaty) и Европски патентни пријави.
Финансиски сектор
Енергетски сектор
Интелектуална сопственост
Работни односи
Застапување пред судовите и административните органи
Информатичка технологија
Конкуренција и анти монополско право
Казнено право
Корпоративно управување
 
Aдвокатско Друштво ПЕПЕЉУГОСКИ
Изработка 2012. Сите права се задржани.