MK | EN | ALB
 
Енергетски сектор

Енергетскиот сектор е една од нашите области на работа каде што нусиме помош при издавањето на одобренија за работа пред регулаторната Комисија за Енергетика, одобренија за приклучување на енергетската мрежа, изградба на гасни, термо и хидро централи, подготовка и поднесување на пријави за енергетска лиценца и проверка на вообичаените трговски договори од оваа сфера. Со задоволство можеме да истакнеме дека услугите кои што ги нудиме во оваа област се и во насока на имплементација на легислативата и отстранување на гаповите. Но приоритетни ни се деловните односи со клиентите и нивното советување.

Нашето друштво застапува меѓународни компании со различни полиња на интерес во енергетската индустрија, како на пример производство на гас, производство на опрема, развој на проектни решенија, градежни претпријатија, трговци со гас и сл. Сите наши клиенти ги следиме во чекор, обезбедувајќи им ја потребната поддршка во процесот на решавање на различните проблеми од правна природа настанати во текот на постоењето на друштвото.

На полето на енергетскиот сектор со задоволство можеме да истакнеме дека имаме учествувано во постапките за основање на јавно приватно партнерство, подготовка на тендерски документации, јавни објави и сл.
Финансиски сектор
Енергетски сектор
Интелектуална сопственост
Работни односи
Застапување пред судовите и административните органи
Информатичка технологија
Конкуренција и анти монополско право
Казнено право
Корпоративно управување
 
Aдвокатско Друштво ПЕПЕЉУГОСКИ
Изработка 2012. Сите права се задржани.