MK | EN | ALB
 
Финансиски сектор

Адвокатското друштво обезбедува услуги во сите области на деловното право: трговско право, договорно и оштетно право, финасиско право, право на хартии од вредност, право на инвестиции, банкарско право, право на недвиќности, царинско и даночно право.

Во нашиот спектар на работа спаѓаат сите првни/деловни области, екпертски мислења во врска со удели и акции, корпоративно управување, истражување на пазарот, инвестирање и инвестициони фондови, трансфер на пари, обезбедување на побарувања и сл. Исто така имаме големо искуство во подготвувањето на договори за купопродажба, залог, хипотека, договори за кредит итн.

Голем број од нашите клиенти бараат од нас да дејствуваме како советници за сите правни и деловни прашања кои го сочинуваат секојдневното работење и целиот процес на еволуирање на една компанија. Ова го сочинува т.н. Процес на корпоративно управување кадешто се јавуваме како консултанти во сите фази на постапката од вложувањето на основачкиот капитал до изведување на многу сложени финасиски трансакции со помош на широк спектар на инструменти.

Нашето друштво обезбедува голем број на услуги за компаниите во јавниот и приватниот сектор како на пример, приватни јавни понуди, статусни промени (присоединување, делба), јавно приватно партнерство.

Важно е да се напомене и нашето искуство во обезбедување на правна заштита при тргувањето со удели и акции, консултантските услуги во ангажирање на борекрски куќи и употреба на финансики инструменти во секојдневното корпоративно работерње на компаниите.

Во финансискиот сектор обезбедуваме правна помош за странските инвеститори од аспект на работењето согласно законските прописи во Република Македонија.
Финансиски сектор
Енергетски сектор
Интелектуална сопственост
Работни односи
Застапување пред судовите и административните органи
Информатичка технологија
Конкуренција и анти монополско право
Казнено право
Корпоративно управување
 
Aдвокатско Друштво ПЕПЕЉУГОСКИ
Изработка 2012. Сите права се задржани.