MK | EN | ALB
 
М-р Ана Пепељугоска

Адвокат

071/262 282 / apepeljugoska@on.net.mk
 

Магистрира на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Правен факултет-Јустинијан Први во 2013 година на насоката Интелектуална Сопственост, со двојна диплома со Универизтетот во Стразбург.

Положи правосуден испит во 2014 година. Од 2011 година работи во Адвоктското Друштво Пепељугоски, а од 01.01.2015 година работи како Адвокат.

Во моментот е на докторски студии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Правен факултет-Јустинијан Први.

Во 2012 година има земено учество на 19 тиот натпревар за Меѓународна Трговска Арбитража (Willem C. Vis International Commercial Arbitration Competition) во Виена каде беше наградена со Почесно Признание во рамките на наградата Мартин Домке за најдобар оралист, како и во рамките на тимските награду. Во 2013,2014,2015 година беше поканета да учествува како арбитар на натпреварот и е дел од тимот на тренери на Правниот факултет-Јустинијан Први Скопје.

Има учествувано на голем број на семинари и курсеви како што се: IRZ 4te Sommerschule 2014 година, The Hague Academy of International Law 2012 година, IDLO Skopje 2012 година, летната програма на Универзитетот во Бремен за правна терминологија на Германски Јaзик, летни курсеви на Гете Институтот во германија во периодот од 2004-2008 година.

Исто така е и автор на книгата “Protection of the Intellectual property rights on social media”, Skopje 2013/ „Заштита на правата од интелектуална сопственост на социјалните мрежи“.

Зборува одлично Англиски, Германски, Албански и Италијански јазик.

Области на работа: трговско право, наследно право, семејно право, трудово право, интелектуална сопственост, облигационо право, право на сопственост, право на ифнорматичка технологија, право на конкуренција, застапување пред судовите и административните органи.

Контакт: 071/262 282; е-маил: apepeljugoska@on.net.mk

 
 
 
 
Aдвокатско Друштво ПЕПЕЉУГОСКИ
Изработка 2012. Сите права се задржани.